Европската унија реагираше на објавата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм со фотографија на која ја покри мапата на Косово со знамето на Србија и го нарече Косово „српски крст“, јави Радио Слободна Европа.
Официјални претставници на ЕУ ги предупредија лидерите во Белград и Приштина да се воздржат од активности што ќе влијаат на процесот на нормализирање на односите.
„Како што рековме многу пати во текот на годините, Србија и Косово треба да се воздржат од акти и изјави што се контрапродуктивни за нормализирање на нивните односи и да работат на постигнување сеопфатен договор“, нагласи портпарол на ЕУ.
„ЕУ секогаш ги повикуваше сите политички чинители во Србија, Косово и остатокот од регионот да се вклучат во активности и декларации што создаваат и промовираат атмосфера погодна за помирување, регионална стабилност и соработка, наместо да го прават спротивното“, додаде портпаролот на ЕУ.
По повод годишнината од насилството во март во Косово, што се случи на 17 март 2004 година, претседателот на Србија објави порака на својот Инстаграм профил, на која реагираат провладините претставници во Приштина.
„Косово не е наш товар, туку наш крст, и од крстот е подобар отколку под него, може да се види воскресението“, наведе Вучиќ во објавата.