Третата вечер од Културното лето на Општина Кисела Вода, кое, годинава, се одвива под слоганот „Сѐ на свое место“, донесе вистинска експлозија од емоции и енергија во Расадник. Десетици илјади граѓани се собраа да прослават, и да бидат дел од едно од најмасовните случувања во Скопје во последните години. 2Бона, Некст Тајм и Слаткаристика, ја дигнаа на нозе публиката која до доцна во ноќта пееше заедно со нив. Во еуфорична атмосфера, одекнуваа хитовите, покажувајќи зошто овие бендови важат за вистински музички идоли на младите.

– Да кажам благодарам е малку. Јас ви се поклонувам мој народе! Ова беше уште една одлична и една од најпосетените забави во Скопје изминатите години. Забава која ќе остане да се памети, а за тоа да биде така се потрудија неповторливите 2Бона, Некст Тајм и Слаткаристика! Ви се заблагодарувам на сите! Вие сте причината за ова што го работиме од срце, со елан и визија! И ова не е крај – ОВА САМО Е УВЕРТИРА ЗА ОНА ШТО СЛЕДУВА! Кога знаеш каде одиш, кога имаш визија и поддршка тогаш е јасно – НАЈДОБРОТО ДОПРВА ДОАЃА! Најдоброто за сите! Нека е честит роденденот на Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој на настанот ги дувна свeќичките на роденденската торта.

Славењето продолжува и вечерва, на истото место, Расадник, со последната вечер од богатата роденденска програма. Од 20:30 часот на сцената ќе настапат стенд-ап комичарите Бојан Велевски и Маријан Георгиевски, а веднаш потоа ќе следува настап на Теа и 2 Exit со мдерна изведба на македонски евергрини.