Репрезентацијата на Република Ирска која е прва на табелата во Групата Д од квалификациите за ЕУРО 2020, пропушти шанса да ја зацврсти позицијата со победа во Грузија. Во слаб натпревар, но со пропуштена шасна за победа во 95 минута, Ирците одиграа 0:0 во Тбилиси.

Сепак, со оглед на фактот што во Грузија не помина подобро ниту Данска (исто така 0:0) Ирците можат да бидат задоволни од овој резултат.