Во последниот натпревар од денешното коло на ЕУРО 2024, Италија не дозволи изненадување и славеше победа од 2:1 во Дортмунд против селекцијата на Албанија.
Албанија прва стигна до водство и тоа со најбрзиот гол на европските првенства кој го постигна Недим Бајрами по само 23 секунди. Главен виновник од редовите на „азурите“ за овој гол беше фудбалерот на Интер, Ди Марко кој лошо изведе аут и топката дојде до репрезентацивецот на Албанија.
Но, европските шампиони брзо го возвратија ударот. По едно кратко проигрување при еден корнер нафрли Пелегрини, а на вистинското место се најде дефанзивецот Бастони кој ја смести топката во мрежата.
Веќе во 16. минута Италија направи и целосен пресврт. Во главна улога и во оваа ситуација беше играч на Интер. Николо Барел. Фудбалерот од средината на теренот со еден силен удар го матираше албанскиот голман за водство на Италијанците.
Од тој момент Италија сигурно го контролираше натпреварот, иако не создаваше премногу прилики. Таква игра гледавме и во најгоеурлем дел од второто полувреме, па нови погодоци не видовме.