Фудбалерите на Шкотска и на Швајцарија одиграа нерешено 1-1, во натпреварот од второто коло во Групата А на ЕУРО 2024. Со ова реми Швајцарците се блиску до пласман во втората фаза од европското превнство во Германија. Ова е второ реми од денешните трите денешни натпревари на ЕП. Без победник (2-2) заврши и дуелот меѓу Хрватска и Албанија од  Групата Б, а Германија  славеше против Унгарија (2-0) и веќе обезбеди пласман во следната рунда.

Шкотска поведе во 13. минута со голот на Скот Мектоминај, додека Швајцарија израмни на 1-1 со погодокот на Шаќир

Германија води во групата со 6 бода и е сигурен патник во осминафиналето, додека Швајцарија е второпласирана со 4 бода. Шкотска има еден бод и сè уште се надева дека ќе ја мине групната фаза, додека Унгарија е последна без бодови.

Во последното трето коло ќе играат Германија – Швајцарија и Унгарија – Шкотска. Двата натпревари се играат в недела со почеток од 21 часот.