Ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер дознаа во која група ќе бидат во новата сезона во ракометната Лига на шампиони.
Пелистерци втора сезона по ред ќе играат во елитата, а ждрепката посака тие да се најдат во групата А во која нема ниту еден европски првак и таа е далеку полесна отколку групата Б каде има многу гиганти.
Група А: Висла, Веспрем, ПСЖ, Фредерициа, Фуксе Берлин, Спортинг, Динамо Букурешт, Еурофарм Пелистер
Група Б: Алборг, Магдебург, Барселона, Киелце, ПИК Сегед, Нант, Загреб, Колштад
Новата сезона ќе стартува во септември и ќе трае до Ф4-турнирот во јуни идната година. Еурофарм Пелистер минатата сезона имаше 14 порази на 14 одиграни натпревари.