Екипата на Еурофарм Работник, претрпе наивен пораз на гостувањето кај младиот состав на Савехоф во Шведска, и загуби со 24:25 (15:10) во меч од второто коло од Лигата на шампионите во ракомет.
Битолскиот тим не знаеше како да го докрајчи противникот после предноста од 15:10 по првото полувреме. Сето тоа што се градеше во првите 30 минути, тимот на тренерот Стевче Алушевски го прокоцка за само 12 минути, кога Савехоф изедначи, а потоа и дојде во тесно водство, кое го задржа до самиот крај.
Јотиќ со 8 гола беше најефикасен кај Е. Работник. По две кола во ЛШ, „фармацевтите“ имаат два порази. Следниот меч на битолчани во ЛШ е гостувањето кај шпанска Бидасоа на 29 септември.