Оштетените штедачи од Еуростандард банка најавуваат дека неделава ќе имаат средба со премиерот Зоран Заев, иницирана од владината служба, на која очекуваат поддршка и од владеачката партија за предлогот закон за обештетување.
Од Здружението информираат дека по средбата одржана за време на мирниот протест е предаден на претставници на релеватни политички партии предлог закон за обесштетување, кој потоа како доработена верзија им бил презентиран на нова работна средба минатата недела на која присуствувале Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и Димитар Апасиев од Левица, но не присуствувале претставници од владејачката партија.
-Многу значајно за нас е тоа што за оваа недела, на предлог и иницијатива на службите на Владата, веќе е договорена средба со премиерот, г-динот Заев, на која очекуваме дека ќе биде потврдена поддршката која и оваа партија ја даде претходно, со што ќе се потврди позитивното расположение на сите партии да се донесе овој закон кој ќе ја исправи неправдата која им беше нанесена на штедачите, правни и фзички лица, и уште побитно за сите граѓани и самата држава, ќе создаде основа државата да ги употреби сите механизми да ги открие криминалите во и околу Еуростандард банка и да ги спречи таквите појави во иднина, со што навистина ќе се потврди владеењето на правото и стабилноста на банкарскиот систем кој деновиве, од страна на чуварот на тој систем, НБРМ, преку медиумите постојано се прикажува како таков,наведуваат во соопштение од Здружението.