Исланд го евакуираше светски познатото туристичко место Сина лагуна поради блиската сеизмичка активност што укажува на непосредна опасност од ерупција на Вуклан, објави исландскиот јавен сервис RUV.
Магмата почна да тече по „интензивната сеизмичка активност“ во областа околу лагуната, популарна геотермална бања.
– Длабочината на магмата, околу четири километри, значи дека ерупција може да се случи во секое време, изјави вулканологот Торвалдур Тордарсон, пренесе Си-Ен-Ен.
Евакуиран е и блискиот град Гриндавик.
Полицијата соопшти дека евакуацијата „минала добро“ и дека во тој град имало само неколку луѓе.
фото: принтскрин