Неговите песни ги обожаваат многумина, а неговата љубовна приказна како да е излезена од неговите многубројни хитови. Дино Мерлин својата сопруга ја запознал кога имал 17 години, а се оженил кога наполнил 21 година. Биле и двајцата од различни класи, но нивната љубив и денеска трае.
Тој бил сиромашен, а таа богата студентка на архитекрура. Заљубен во музиката, на неа и ги пуштил демо снимките и ја прашал што таа мисли за неговиот талент.
Нејзините зборови и поддршка биле пресудни. Дино заплови во светот на музиката, прво како член на бендот „ Мерлин“, а се останато на сите е позната живата легенда.
Работел тешки и физички работи за да ја заработи првата плата, ги остварил своите соништа. А бил многун зрел и кога е семејниот живот во прашање.
– Имав 21 година кога се венчав. Бев многу млад, за зрел за голема приказна каква што е брак. И позади секој успешен музичар стои една уморна и исцрпена жена. Но за среча, Амела таква сеуште не е. Амела ми е, заедно со децата се во животот. Сеуште лесно може да ме направи среќен и несреќен: Среќен сум дека е покрај мене, а несреќен знае да ме направи кога ќе ми напомене дека за неа јас секогаш ќе бидам Дино, но не и Мерлин.
Дино и Амела ја имаат ќерката Најда, и синот Хамез. Дино воопшто не сака да зборува за својот приватен живот пред јавноста.