Во повеќе градови низ Европа денеска се одржаа протести против мерките на рестрикција поради корона кризата.
Берлинската полиција сепак потврди дека морала да го прекине протестот против ограничувањата воведени во услови на пандемија на коронавирус, бидејќи учесниците не успеаја да одржат социјална дистанца.
За жал, немаме друга опција, твитна полицијата. Сите досега преземени мерки не доведоа до усогласување со условите.
Демонстрациите собраа повеќе од 18.000 луѓе скептични кон пандемијата и ограничувањата воведени за борба против неа. Според информации од полицијата уапсени се повеќе од стотина луѓе.