Ниту пушењето, ниту високиот крвен притисок не се фактори на ризик кои одземаат најмногу човечки животи. Најголемата причина за смрт во светот е лошата исхрана. Ашкан Афшин, доцент на Институтот за мерење и проценка на здравјето на Универзитетот во Вашингтон, вели дека луѓето најмногу умираат од премногу црвено месо, слатки пијалоци и храна со високо ниво на сол. Но, уште повеќе ги убива она што не го внесуваат во телото. Тој во списанието Лансет ги објави резултатите од анализата што ја спроведувал цели 27 години за навиките на јадење низ целиот свет.
„Додека традиционално сите разговори за здрава исхрана се насочени кон намалување на внесот на нездрава храна, во оваа студија покажавме дека малото внесување на здрава храна е поважен фактор од високиот внес на нездрава храна“, вели тој.
„Еден од пет смртни случаи на глобално ниво е предизвикан од слаб внес на здрава храна, што значи декаво светот во текот на 2017 година поради тоа пчинале околу 11.000.000 . Причината е внесувањето премногу натриум и недостаток на внес на цели зрна, овошје, јаткасти плодови и семиња, покажа истражувањето. Причината не беше внесувањето премногу транс- масни ки
„Оваа голема студија значи дека откритието е исклучително важно за секого без разлика каде живее“, вели Ендру Рејнолдс, научен соработник на Универзитетот Отаго во Нов Зеланд, кој не беше вклучен во студијата.
„Наодите од овој документ ќе обезбедат информации за одлуките во врска со политиките кои ќе влијаат на исхраната, нејзина продажба и трошоците за економиите во наредните години“, рече Рејнолдс.
Во анализата, финансирана од фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Афшин и неговите колеги проучувале 15 фактори на ризик во исхраната, како и нивното влијание врз смртта и инвалидитетот. Познато е дека внесувањето на големи количини црвено преработено месо, шеќерни пијалоци и транс-масни киселини и солта се знае дека се високи здравствени ризици, но споредено е внесувањето на овие супстанции со ефектите од исхраната составена од ниско ниво на здрава храна, како што се овошјето, зеленчукот, интегралните житарки, млекото, калциумот, оревите, мешунките, растителните влакна, омега-3 од морската храна , добри масти од лососот и туната и друго. Тие дојдоа до интересен заклучок, а тоа е дека нездравите намирници биле на дното на списокот на ризици во повеќето земји во светот.
Заклучокот е: конзумирање премногу сол, недоволно интегрални житарки и недоволно овошје. „Овие ризици беа исти без оглед на социоекономскиот стандард на повеќето нации“, вели Афшин.
Новата студија беше многу обемна и вклучи илјадници истражувачи кои ја следеле прераната смрт и инвалидитет поврзани со повеќе од 350 болести и повреди во 195 земји.
Во јануари, тие објавија студија за „исхрана за здрава планета“, во која се вели дека кога внесот на црвено месо и шеќер би се намалил за половина, а исто толку би се зголемил внесот на овошје, зеленчук и јаткасти плодови, може да спречи до 11,6 милиони предвремено починати без лоши последици за планетата.
Афшин вели дека ова е „најсеопфатна анализа на здравствените ефекти на исхраната спроведена досега“, и покрај некои методолошки недостатоци и недоволните податоци од неразвиените земји.
Рејнолдс смета дека студијата, која се објавува секоја година, е добра и дека количината на податоци и глобалната застапеност ја прават оваа студија достојна за внимание. Десет милиони смртни случаи поврзани со исхраната во 2017 година се должат на кардиоваскуларни заболувања. Ракот предизвикал 913,000 смртни случаи и 339 000 смртни случаи од дијабетес Тип II. Дури 66% од лицата со инвалидитет во 2017 година предизвикани од хронични заболувања, се должат на овие болести.
„Интересно е што дебелината не беше на врвот на листата, туку само на шестото место од глобалните ризици“, вели Афшин. Узбекистан имаше најголем број смртни случаи поврзани со исхрана, а потоа следат Авганистан, Маршалските острови, Папуа Нова Гвинеја и Вануату. Најмал број има Израел, а потоа следат Франција, Шпанија, Јапонија и Андора, мало кнежество меѓу Франција и Шпанија.
Во однос на најниските стапки на смртност, Велика Британија се најде на 23-то место, над Ирска (24-та) и Шведска (25-та), додека САД се рангирани на 43-то место, по Руанда и Нигерија (41-та и 42-та). Индија се најде на 118-то место, а Кина на 140-то место.
За САД, Индија, Бразил, Пакистан, Нигерија, Русија, Египет, Германија, Иран и Турција, најголем фактор на ризик беше недостатокот на цели зрна. Ова не значи дека луѓето во овие земји не јадат житарки, туку дека јадат преработени житни култури, со ниска хранлива вредност и потенцијал за високи калории.
Рејнолдс, кој објави истражување за ефектот на цели зрна во публикацијата „Лансет“, предупредува дека многу производи што денес им се продаваат на потрошувачите како „цели зрна“, тоа воопшто не се.
„Цели зрна се вклучени во ултраобработени производи, кои можат фино да се сомелат и на кои се додаваат натриум, шеќери и и заситени маснотии “, вели Рејнолдс.