Англискиот фудбалски прволигаш Евертон на својата официјална веб-страница објави дека играчот од средниот ред на тимот, Андре Гомеш, ќе мора да биде подложен на операција.

Фудбалерот се здоби со тешка повреда на глуждот во натпреварот со Тотенхем од 11. коло од Премиер лигата (1:1).

– Гомеш ќе има операција на повредениот глужд. По медицинските прегледи потврдено е дека играчот има фрактура на коските на десниот глужд, за чие санирање е потребен оперативен зафат, стои во соопштението на Евертон.