Фудбалерот за врска на Евертон, Хамес Родригез откри кога ќе може да се врати на теренот по повредата.
– Можам да играм на следниот натпревар на Евертон. Фала му на Бога, се чувствувам одлично и сакам повторно да излезам на теренот, изјави Хамес за „Caracol“.
Во сезоната 2020/21, колумбискиот репрезентативец одигра 21 натпревар за Евертон, постигна пет погодоци и направи осум асистенции.
Дваесет и деветгодишниот Родригез ги пропушти последните пет средби на тимот.
Следниот натпревар Евертон го игра на 5 април против Кристал Палас во 30. коло од англиската Премиер лига.