Премиерлигашот Евертон на својата официјална веб-страница информира за отстранување од тимот на фудбалер кој е под истрага за сексуален престап.
– Потврдуваме дека суспендиравме играч од првиот тим во очекување на полициска истрага. Клубот ќе продолжи да ги поддржува властите во нивните истраги и нема да дава никакви други изјави во овој момент, се вели во соопштението.
Претходно „Сан“ објави дека фудбалер на клубот од Ливерпул е уапсен под сомнение за сексуални злосторства врз деца. Играчот во моментов е ослободен со кауција во очекување на понатамошна истрага.