Утре без струја ќе останат корисниците на ул. „Улоф Палме“ во Општина Кисела Вода и жителите на село Марино во Општина Илинден, како и дел од Орман во Општина Ѓорче Петров.

Како што соопштуваат од ЕВН Македонија, на ул. „Улоф Палме“ (од бр 11-15), струја ќе нема од 10 до 11 часот, додека, жителите на Марино (поточно на почетокот на с.Марино делот кон с.Кадино) и Орман без струја ќе бидат од 9 до 15 часот.