Ве известуваме дека ЕВН Македонија нема свој профил на социјалните мрежи, а доколку такво нешто се постави сите корисници навреме ќе бидат информирани. Со оглед на тоа дека во последно време се појавуваат профили во кои се користи името на ЕВН, Ве информираме дека овие профили се лажни и содржините кои се наоѓаат на нив се злоупотреба и измама.
Затоа, ЕВН презеде соодветни мерки за затворање на таквите профили. Ви посочуваме да не ги оставате личните податоци на овие лажни профили бидејќи тие може да бидат злоупотребени.
Од ЕВН апелираат ако во иднина добиете покана да следите вакви слични профили, да ги информирате во контакт центарот на ЕВН на телефон +389 2 3205 000 или 0890 88888 или е-пошта: info@evn.mk.