Министрите за финансии на земјите членки на Еврозоната на синоќешната средба во Брисел не донесоа одлука за исплата на последната транша од пакетот помош за Грција.
На прес-конференција по завршувањето на средбата, претседателот на Еврогрупата, Марио Сентено информира и дека министрите не го одобриле ниту решението за ставање крај на програмата за помош на Грција, која според планот треба да заврши во август годинава.
Тој нагласи дека било договорено овие одлуки да се разгледаат на следната средба на министрите за финансии од Еврозоната, предвидена за 21 јуни во Луксембург.
– Наш основен приоритет останува успешното излегување на Грција од програмата за макрофинансиска помош. Сите неопходни одлуки околу тоа ќе ги донесена на средбата во Лукселмбург во текот на јуни, изјави Сентено.
МИА