Кошаркарот на Анадолу Ефес, Василије Мициќ е прогласен за најкорисен играч (МВП) на „Фајнл фор“ турнирот во Евролигата.
Во финалето на елитното натпреварување, синоќа во Келн, турски Анадолу Ефес ја победи шпанска Барселона со 86:81 и за прв пат во својата историја стана европски шампион.
Српскиот играч постигна 25 поени (6 од 10 од поле), направи 5 асистенции, 3 скока и 3 украдени топки.
Мициќ имаше забележителен настап и во полуфиналето во петокот против ЦСКА Москва. Тој средбата ја заврши со 25 поени, 6 асистенции и 3 скока.