Макаби и Басконија својот дуел од 29. коло во кошаркарската Евролига најверојатно ќе го одиграат во „Штарк арена“ во Белград пред празни трибини.
Според засега непотврдени информации, Евролигата размислува во таа насока поради опасноста од ширење на новиот коронавирус.
Од таборот на израелскиот клуб истакнаа дека Белград е се поизвесна опција, но се чека официјална потврда од Евролигата.
Во „Штарк арена“ во српската престолнина во изминатата недела играа и Дарушафака – Виртус во рамки на Еврокупот.