Кошаркарите на Реал Мадрид го победија АСВЕЛ синоќа на гостински терен со 87:77 и се изедначија со лидерот на табелата во Евролигата, тимот на Анадолу Ефес.

Двете екипи имаат 14 победи на 17 одиграни натпревари.

Резултати на другите натпревари од 17. коло одиграни во текот на вчерашниот ден:
ЦСКА Москва – Панатинаикос 102:106 (по продолжение)
Анадолу Ефес – Химки 101:82
Милано – Зенит 73:72
Валенсија – Алба Берлин 91:77.