Управниот одбор на кошаркарската Евролига донесе одлука за времена забрана на трансфери во Олимпијакос. Ова доаѓа како последица на предупредувањето што раководството на „црвено-белите“ од Пиреја го добија пред неколку месеци за доцнење на исплатата на играчите.
„Истрагата е покрената врз основа на пробивање на финансиските можности, но и поради тоа што клубот не достави информации за неможноста да се повика на правилата од членовите 32а, 32д и 32е во дисциплинскиот правилник на Евролигата.Конечната одлука ќе биде донесена во наредните 30 дена кога очекуваме да се комплетира целокупната документација“, се вели во соопштението на Евролигата.