Дваесет и пет илјади луѓе годишно умираат во земјите од Европската унија како резултат на инфекции кои не можеле да бидат излекувани со постојните антибиотици. Во целиот свет оваа бројка се зголемува на 700.000 луѓе бидејќи веќе се развиваат упорни микроорганизми на кои лекарствата не им можат ништо.
Според европарламентарците кои подготвиле специјален извештај, статистичките податоци ќе бидат се повеќе вџашувачки. Експертите алармираат дека антибиотиците стануваат се повеќе неполезни и во практика не можат да се борат со новите бактерии. Затоа, според извештајот, во 2050 година издржливите бактерии ќе убиваат повеќе луѓе отколку ракот. Тука не станува збор само за бактериите, туку и за микрортганизмите, кои водат до инфекции, како паразите и вирусите.
Сега, инфекциите се лекуваат со производи од синтетчко или природно потекло кои ги убиваат микрорганизмите или го ограничуваат нивното ширење. Во моментов, се создаваат антибиотици кои се специјални за посебен вид микрорганизми. Но, дури и тие ќе бидат неефикасни за само неколку години.
Според експертите, низ годините бактериите изградиле изградиле отпорност кон повеќето состојки содржани во антибиотиците и за тоа донекаде сме виновни и самите пиејќи лекарства и тогаш кога навистина не ни се потребни.
„Сами дозволивме бактериите да наоѓаат лесен начин за одбрана и да бидат поефикасни во нивното настапување против човековите клетки. Медицината во овој момент нема решени за ситуациите во кои бактериите стануваа се порезистентни“, тврди европарлаемнтарецот Павел Поч.
Досега ЕУ на истражувања во оваа смисла има потрошено над 1,3 милијарди евра, но тоа не е доволно.
„Ако бргу не се преземат мерки, човечштвото ќе се врати во времето пред појавата на антибиотиците. Како последица на тоа, со смрт може да заврши и обична пневмонија,а ризикот при рутиндки операции ќе биде повеќекратен. Смртоносни ќе станат и сегашните методи на лечење со кои се намалува имунитетот како хемотерапијата, предупредува австриската европарламентарка Карен Каденбах.