Дел од пратениците во Европскиот парламент сметаат дека Србија не може да ги продолжи преговорите доколку не воведе санкции кон Русија.
Европската унија не може да ги продолжи пристапните преговори со Србија доколку Белград не ги почитува санкциите на ЕУ против Русија, објавија социјалдемократите, втората по големина парламентарна група во Европскиот парламент.
Вака оваа група го коментира потпишувањето на консултативниот план од страна на министерствата за надворешни работи на Србија и Русија во Њујорк.
– Многу разочарувачки од земја која претендира да се приклучи на ЕУ, напиша социјалдемократскиот пратеник од Хрватска, Тонино Пицула.