Европската агенција за лекови (ЕМА) попладнево соопшти дека ја смета за безбедна вакцината на АстраЗенека.
ЕМА е и натаму на став дека предностите на вакцината преовладуваат над ризиците, соопшти Европската агенција за лекови. „Вакцината е безбедна и ефикасна“, рече шефицата на ЕМА, Емер Кук. Според неа, нема поврзаност на вакцината со зголемување на ризикот од згрутчување на крвта. Истовремено, меѓутоа, не може дефинитивно да се исклучи поврзаност со определени конкетни случаи.
Комисијата на ЕМА која се занимава со случајот препорачува да се изгради поголема свест за ризиците и тоа да се вметне во упатството во пакувањето на вакцината.