Европската централна банка (ЕЦБ) има намера да го прошири пристапот до својот Фонд за ликвидност во евра за да го направи достапен глобално, со цел зајакнување на единствената европска валута на меѓународно ниво.
REPO линиите им овозможуваат на централните банки да позајмуваат средства во евра од ЕЦБ, по поволни каматни стапки. Досега, тие линии беа ограничени на неколку земји, главно во Источна Европа.
Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард тврди дека тој механизам е добра алатка за зајакнување на еврото на глобално ниво.
„ЕЦБ треба да се подготви за понестабилно опкружување“, изјави Кристин Лагард на Минхенската безбедносна конференција.
Механизмот ќе биде достапен од третиот квартал од 2026 година за централните банки ширум светот, под услов да не се исклучени за разни дела, како што се перење пари, финансирање на тероризам или меѓународни санкции, се вели во соопштението на ЕЦБ.
Таквата одлука е донесена бидејќи инвеститорите постојано ја проценуваат состојбата на доларот, поради непредвидливоста на економската политика на американскиот претседател Доналд Трамп.




