Десетици европски градови денеска на пладне со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите на пандемијата на коронавирусот.
Организаторот Евроситис соопшти дека повеќето од 200 градови во речиси 40 земји организирале свои настани за комеморација.
Голем број автобуси и возови го запреа движењето во Берлин, а слична акција се одржа и во Будимпешта.
Штутгарт најави дека црковните sвона нема да се огласат на пладне. На други места, седниците на Градскиот совет беа прекинати.
Раководителот на мрежата Евроситис и градоначалник на Фиренца, Дарио Нардела се обрати во директен пренос и им оддаде почит на жртвите на Ковид-19.