Европскиот суд за човекови права денеска донесе пресуда дека апсењата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални биле политички мотивирани.

Судот издаде наредба Русија да му исплати отштета од 63.000 евра на Навални, објавија западните медиуми.

Тој пред два дена беше спречен од страна на руските гранични власти да ја напушти Москва поради наводно неплатена парична казна, за која, Навални рече дека тоа било само изговор за да не му се дозволи да патува во странство.

Федералната служба за извршители, која го блокира неговото излегување од Русија, рече дека сите ограничувања за Навалини, вклучувајќи ја и забраната за патување во странство, се повлечени откако тој ја платил казната.