Европски сојуз за промена обвинува дека ДУИ уште макотрпно се обидува да го врати Никола Груевски во Скопје бидејќи неговото враќање од Будимпешта, на оваа партија, ѝ значи многу.
Од партијата велат дека поседуваат докази за форми и начини на контакти на претставници на ДУИ со Груевски.
-На ДУИ единствениот спас им е враќањето на Груевски. Ова е сон на ДУИ, но за нивна жал, сегашната реалност не е сон, туку доказ кој покажува дека во Северна Македонија имаме влошување на состојбите во секој аспект и во секоја сфера. Веќе постојат докази дека ДУИ преку разни начини и форми е во контакт со Никола Груевски, со кого се испитуваат можностите за негово враќање, од што би зависела судбината на ДУИ, заедно со СДСМ – велат од Европски сојуз за промени.
Оттаму тврдат дека министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретнал на 6 септември со Груевски и прашуваат:
– Како помина вечерата на министерот Бујар Османи со Груевски на 06.09.2023 година во Будимпешта? Каков вкус имаше оваа вечера и како ќе се реализира „триумфалното” враќање на Груевски?