Домаќинствата во Европска Унија плаќаа значително повисоки сметки за гас и електрична енергија во втората половина на 2021 година поради раст на цените на пазарите на големо, поттикнати од бранот побарувачка што предизвика закрепнување на економијата од пандемиската криза.

– Просечната цена на струјата за домаќинствата во ЕУ во втората половина од минатата година била за 11,3 отсто повисока во споредба со истиот период во 2020 година и изнесувала 23,7 евра за 100 киловатчасови, соопшти Евростат.

Просечната цена на гасот забележа раст од речиси ист процент и изнесува на 7,8 евра за 100 киловатчасови.

Во првата половина од годината струјата за домаќинствата поскапе за 2,8 отсто, а цената на гасот забележа мал пад во однос на истиот период во 2020 година.

Во периодот од јули до декември минатата година, струјата најмногу поскапела за домаќинствата во Естонија и во Шведска, за 50, односно 49 отсто, а на трето место е Кипар – 36 проценти.