Македонија со најнизок минималец од земјите кандидати за членки во Унијата, пренесе ТВ Сител. Со плата од 327 евра, според Евростат, трудот на работоникот во земјава најмалку се плаќа. Пред нас е Албанија, каде минималната загарантира плата изнесува 350 евра и Србија со 402 евра. Меѓу дното на листата по месечни примања сме и од бившите ЈУ земји. Полоши од нас се Босанците, каде минималецот е под 320 евра. Речиси двојно повисока минимална плата се исплаќа во Хрватска (677 евра), тројно во Словенија (1203 евра). Зголемување на мининалецот ќе има од март. Согласно новата методологија, од 20,175 денари , минималната плата ќе се зголеми на 22,500 денари. Сепак, во време на висока инфлација, парите ја губат вредноста. Колку и да се зголеми платата не стига за нормална живеачка. Според Синдикатот, семејство со 2 минимални плати живее во сиромаштија.
Тешко верувајте дека според нашите пресметки едвај се преживува со една просечна и една минимална плата, Имајќи вo предвид дека двајцата родители работат и имаат 2 деца. Семејствата со 3 и повеќе деца живеат во тешки облици на сиромаштија. Од друга страна, ако двајцата родители земаат 2 минимални плати, не можат ни да преживеат, изјави Иван Пешевски, ССМ.
За скромен живот, според пресметките на ССМ, во јануари на едно семејство му биле потребни над 57 илјади денари. Следната недела Синдикатот ќе ги објави најновите пресметки. Според првиот синдикалец , трошоците за живот ќе бидат повисоки од јануарските. Инак , според Евростат, највисока минимална плата се исплаќа во Луксембург. Најслобо платените работници месечно земаат над 2,500 евра плата.