ДДВ-то за струја ќе биде 18% и ќе почне да се применува од 1 јули кога ќе има и нови цени на струјата во тарифните блокови. Министерот за економија Крешник Бектеши уверува граѓаните нема да плаќаат поскапа струја.
Бектеши најави средба на надлежните инситуции во склоп на енергетскиот совет на која ќе разговара за нов модел за пресметување на цената на електричната енергија.
Се враќа и дневната евтина тарифа на струја, нo нема да стапи на сила истовремено за сите. Ќе бидат два часа во денот, во периодот од 11 до 16 часот. Евтината струја нема да стапи на сила во еден ист момент за сите, поради тоа што голем дел од броилата немаат далечинско управување, па тимови ќе треба кај секој да пристапат физички.