Не се одиграа сите натпревари од осминафиналето на ФА Купот, но синоќа беше извлечена ждрепката за следната фаза на турнирот. Единствениот натпревар што сè уште не се одигра е помеѓу Манчестер Јунајтед и Дерби Каунти. Средбата е вечерва од 20:45 часот.
Манчестер Сити продолжува со одбраната на трофејот со гостување кај Њукасл, а Челси, кој го елиминира Ливерпул, оди на гостински терен кај Лестер на стадионот „Кинг Пауер“.
Арсенал ќе има и тешка задача бидејќи гостува кај Шефилд Јунајтед.
Норвич, кој по елиминацијата на Тотенхем по изведување на пенали, може да се соочи со Манчестер Јунајтед.
Натпреварите од четвртфиналето е предвидено да се одржат помеѓу 20 и 22 март.
Еве ги паровите:
Шефилд Јунајтед – Арсенал
Њукасл Јунајтед – Манчестер Сити
Норвич – Дерби / Манчестер Јунајтед
Лестер – Челзи