Фудбалската асоцијација на Англија официјално го предупреди менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола за коментарите кон судијата на натпреварот со Манчестер Јунајтед, Ентони Тејлор.
Гвардиола на пресот пред натпреварот изјави дека се надева оти официјалното лице ќе носи „добри одлуки за двете страни“.
Дербито на 11 ноември го освои Сити со 3:1.
Според Фудбалската асоцијација, Гвардиола не заслужува казна, но го замоли Шпанецот повеќе да не си дозволува вакви изјави.
Во ноември 2016 година, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо беше казнет со 50.000 фунти за сличен коментар на адреса повторно на Тејлор, но за Португалецот ова не беше прв инцидент од ваков карактер.