Халфот на Челзи, Цеск Фабрегас нема да може да земе учество во денешното дерби со Арсенал. Ова го потврди тренерот на „сините“ Маурицио Сари.
Шпанецот има „необична“ повреда на коленото, но стратегот верува дека таа не е толку сериозна и фудбалерот нема да отсуствува подолго од терените.
– Фабрегас ќе го пропушти овој дуел. Се надевам дека ќе се врати на теренот следната недела. Не сум сигурен, но мислам дека тоа не е сериозно. Неговата повреда е невообичаена. Ништо загрижувачко. Очекувам следната недела да продолжи со тренинзите, рече Сари.