Поранешниот бугарски премиер се соочува со тешкотии во формирањето коалиција, објави „Фајненшл тајмс“ коментирајќи ги резултатите од изборите во Бугарија, одржани во неделата.
Изданието наведува дека централно-десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е во водство на четвртите парламентарни избори во Бугарија во последната година и половина, но партијата не успеа да го освои потребното мнозинство за формирање владина коалиција во најсиромашната држава во ЕУ.
Изданието наведува кои партии влегуваат во парламентот и колку проценти добиваат ГЕРБ и второпласираната партија „Продолжување на промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков. Весникот додава дека ПП и другите водечки политички сили ја отфрлиле можноста за коалицирање со ГЕРБ, што ги зголемува шансите за нови избори во блиска иднина.
Борисов, кој по една деценија на власт беше сменет во 2021 година по масовните антикорупциски протести, се претстави себеси како оној што може да ја води Бугарија низ нејзината политичка и економска криза. Под власта на Петков, земјата остро се сврте против Русија, која традиционално беше нејзин близок партнер, коментира весникот.
Изданието го цитира Борисов кој вели дека е важно земјата да продолжи да го следи евроатлантскиот курс, за и Русите да не почитуваат. Им се допаѓаат оние кои се силни, одлучни и јасни. Борисов, исто така, сака да ја внесе земјата во еврозоната, да спроведе реформи во судството и да продолжи да го диверзифицира снабдувањето со гас од Русија.
Петков, прозападен дипломец на Харвард, кој вети дека ќе се бори против корупцијата, го загуби гласањето за недоверба во јули поради споровите околу буџетот и проширувањето на ЕУ по седум месеци на функцијата што доведоа до изборите во неделата.
Весникот забележува и дека новоформираната партија „Бугарски подем“ го поминала прагот за влез во парламентот, а проруската партија „Преродба“ ја удвоила поддршката на околу 10 отсто.
Доколку не се формира одржлива коалиција, претседателот Румен Радев би можел да продолжи со преодните влади и да одреди датум за нови избори за неколку месеци. Сепак, политичката нестабилност ќе предизвика дополнителна економска штета на земјата и ќе ја одложи нејзината цел за влез во еврозоната во 2024 година, предупредуваат аналитичарите.
Весникот го цитираше и Димитар Бечев, предавач на Оксфордската школа за глобални и територијални студии, кој ги опиша изборните резултати како „ќорсокак“, но кој смета дека едно од решенијата за овој ќорсокак е „експертскиот кабинет“ во кој доминира ГЕРБ и центристичката етничка турска партија ДПС. „Но, овој кабинет би бил краткотраен“, рече тој.
Весникот, исто така, коментира дека популистичката партија на пејачот Слави Трифонов „Има таков народ“, која го порази Борисов на изборите во јули 2021 година, сега ја изгубила наклонетоста на гласачите и нема освоено ниту едно пратеничко место.