Фалсификуван лек “Оземпик” нелегално се продава во Македонија. Овој лек е строго забранет да се продава во веледрогериите, ама некои од нив под рака го продаваат, тврди ТВ АЛФА. Но она што е најопасно – лажниот “Оземпик” пациентите го купувале без рецепт и без препорака на лекар специјалист. Ко користеле и за лекување на други болести, како што е дебелина, а не за неговата основна намена. Од МАЛМЕД потврдуваат дека добиле претставка оти е пронајден фалсификуваниот лек во продажба, а во моментов истражуваат каде нелегално се продава.
„Пријавата до МАЛМЕД е примена кај носителот на одобрението кој има лиценца за дистрибуција на лекот Оземпик на пазарот. МАЛМЕД врши и инспекциски надзор во рамките на своите надлежности во областа на дистрибуција и продажба на лекот Оземпик низ територијата на РМ, но досега не најдовме конкретен случај. Злоупотребата на овој лек е многу актуелна и тоа е последица на препораките на социјалните мрежи и влијанието на познати луѓе (инфлуенсери) кои го наметнуваат врз граѓаните“, велат од МАЛМЕД.
Од МЗ го избегнаа одговорот дали знаат за злопутребата на лекот и дали ќе постапат.Само се прогласија за ненадлежни.
Инаку овој лек се користи во државата, но во строги контролирани болнички услови.Но никако не смее да се продава во обични аптеки и пацинетите да си го купуваат на своја рака.
Дека на фармацевскиот пазар во Косово пуштен е во продажба лажниот „Оземпик“ алармираше пред три недели и ендокринологот Хасан Танер од ГОБ 8 Септември, каде откри дека на негова пацинетка ѝ била под рака дадена оваа терапија.
Лекот „Оземпик“ во Македонија е во дефицит. Станува збор за добра дијабетна терапија која чини поскапо, но бројни пациенти во државата без препорака на доктор ја користат и за слабеење и тоа е јавна тајна.
Инаку, според податоците на здравствените власти, Македонија е меѓу земјите кои прекумерно користат лекови без препорака од лекар, вклучително и антибиотици. Според Фондот за здравство, само во текот на 2021 година граѓаните на Македонија купиле над 1 милион и 500 илјади антибиотици, но не се знае колку се продадени со рецепти, а колку без рецепт. Од Фармацевтската комора велат дека во последните години се соочиле со рекордна продажба на антибиотици.