Брод натоварен со жито денеска исплови од Украина за Јемен, како помош за ублажување на една од најтешките хуманитарни кризи во светот. Станува збор за прва пратка со храна за Јемен од избувнувањето на војната во Украина.

Светската програма за храна на Обединетите нации соопшти дека бродот натоварен со 37 илјади метрички тони пченица, испловил од украинското пристаниште Јужни. Предвидено е бродот прво да се закотви во Турција каде што ќе биде сомлена пченицата, а потоа брашното ќе биде испорачано за Јемен како помош за 17 милиони луѓе што се соочуваат со глад.