Договор за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел може да биде постигнат во рок од 24 часа, изјави извршниот секретар на Централниот комитет на Фатах, Џибрил Раџуб.
– Напорите на арапските земји предводени од Египет, во кои беа вклучени заинтересирани страни, беа крунисани со успех во форма на нацрт договор за примирје што може да стапи на сила во рок од 24 часа, рече тој во интервју за саудиската телевизија Ашарк.
– Очекуваме сегашните борби да престанат во следните неколку часа, рече Раџуб, додавајќи дека сегашната ескалација создаде нова реалност и оти ситуацијата на Блискиот исток веќе нема да биде како што беше пред десет дена.
Телевизијата Ал-Арабија, повикувајќи се на информирани извори, вчера јави дека висока египетска делегација ја посетила Рамала со цел да преговара за претстојниот договор за примирје меѓу Хамас и Израел, кои меѓусебно се напаѓаат од 10 мај.