Петмина израелски војници загинаа во Џабалија во северниот дел на Газа кога по грешка вчера биле погодени од израелски тенк.
Да потсетиме, десетици илјади цивили ја напуштија Џабалија од саботата, кога израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа воздушна операција, јавува Би-Би-Си. Војниците повторно влегоа во Џабалија во понеделникот.
Околу половина од жителите на Газа се засолниле во градот Рафа на југ, а борбите во областа се интензивираа во последните денови.
Израелските медиуми јавија дека ИДФ вели дека истражува зошто нивните војници биле погодени од тенковски оган.
Според првите информации, војниците заземале зграда во бегалскиот камп Џабалија, на десетици метри оддалеченост од израелските тенкови стационирани во областа.
Тенковите идентификувале оружје во зградата и испукале две гранати.