Дилерите на дрога стануваат се покреативни кога треба да им ја испорачаат стоката на купувачите.

Така пред неколку дена „приведен“ е гулаб со повеќе од 200 апчиња екстази закачени на грбот. Птицата е фатена во близина на границата на Кувајт и Ирак и тоа сосема случајно.

Изморениот гулаб, кој на грбот носел торбичка полна наркотици – слетал недалеку од зградата на царината на границата и тука официјално бил „приведен“.