Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати изјави дека сака да остане во овој клуб до крајот на кариерата. Фудбалерот, кој неодамна наполни 17 години, призна дека ова е негова цел уште од почетокот на неговата кариера.
– Отсекогаш сум сакал да бидам овде. Тоа беше мојата цел уште од почетокот и се надевам дека можам да го поминам целиот живот овде. Смирен сум, се обидувам да правам нормални работи. Играчите од тимот до 19 и Барса „Б“ се мои соиграчи и тие ќе останат такви. Јас целиот ден го поминувам со нив и ништо нема да се промени, изјави талентот за ТВ Барса.
Тој додаде дека неговиот сон неодамна се остварил.
– Прво го направив своето деби, а потоа го постигнав првиот гол за сениорите. Моментите за кои сонував станаа реалност. Тешко е да се поверува, посочи Фати.
Оваа сезона тој има забележано 9 натпревари на сите турнири, постигнувајќи 2 гола и 1 асистенција.