Неколку часа по брифингот на Грашковска, се јави и вториот човек на Фондот за здравство, Фатон Ахмети. Но, не да објасни зошто 15 дена граѓаните беа во неизвесност, и без одговори за хакерскиот напад, туку да се оправда дека во САД не е на сметка на фондот, туку патувањето го плаќа Стејт Департментот. Тој преку личниот Фејсбук профил напиша:
Престојувам во САД, на покана на Стејт департментот на САД, на програмата IVLP. Патувањето е планирано пред неколку месеци. Не сум на годишен одмор во САД! За коректност кон институцијата во која дејствувам, го користам годишниот одмор, а не можноста за службено патување. Мојот престој во САД е целосно финансиран од Стејт департаментот на САД. Ниту еден денар не е потрошен од државниот буџет, нагласува Ахмети.
Тој додава дека во текот на целиот престој бил во контакт и синхронизиран за дејствувањата со колегите од ФЗО.