Главниот експерт на американската влада за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, предупреди дека можно е да се подготвува нов бран на инфекции со Ковид-19, тврдејќи дека зголемувањето на случаите на коронавирус во Европа е нешто што САД треба да го избегне, јави ДПА.
Експертот рече дека падот на случаите во САД во текот на изминатите неколку недели достигна „речиси 60.000 случаи на ден“ – ситуација што ја прави земјата „многу ранлива“ на нов бран.
– Ова е токму она што се случи во Европа: Тие видоа пад на случаите, достигнаа пик и потоа ги ублажија ограничувањата, изјави Фаучи за Еј Би Си Њуз.
Д-р Фаучи рече дека се надева дека поранешниот претседател Доналд Трамп ќе ги охрабри своите приврзаници да се вакцинираат против Ковид-19 и истакна дека ограничувањатане треба да бидат укинати предвреме.
Анкетата објавена минатата недела покажа дека скоро половина од мажите во САД кои се самоидентификуваат како републиканци велат дека не планираат да се вакцинираат.
Во меѓувреме, американските власти планираат да ја намалат социјалната дистанца препорачана за контролирање на ширењето на Ковид-19 од два на еден метар, што ќе го олесни отворањето на училиштата, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен.