Директорот на Американскиот национален институт за алергии и инфективни болести, Ентони Фаучи, изрази надеж дека наскоро ќе бидат објавени податоци кои ќе поддржат вакцинација на постарите деца против коронавирусот.
Тој рече дека се надева оти откако ќе бидат објавени резултатите од студијата, кон крајот на пролетта или почетокот на летото ќе почне вакцинација на деца од 12 до 17 години, јави Си-Ен-Ен.
– Кога ќе имаме повеќе податоци, ќе можеме да ги вакцинираме и помладите деца, а сето тоа ќе помогне да се намали ширењето на вирусот, напиша Фаучи на Твитер профилот на тимот на Белата куќа задолжен за борба против Ковид-19.