Федералното истражно биро (ФБИ) ја затвори опсерваторија „Санспот“ во Њу Мексико, а теоретичарите на заговор го преплавија интернетот со коментари дека се единствената причина за тоа се, никој друг, освен вонземјаните.
Тие тврдат дека ФБИ го направило тоа со таква брзина што едноставно друга причина не може да има, и дека тоа значи дека откриле нешто во врска со вонземјаните, пишува Индепендент.
Се наведува дека затворањето на оваа опсерваторија навело многу корисници на интернет да се запрашаат дали истражувачите откриле нешто што не смееле, а еден „истакнат ЈуТјуб канал” шпекулира дека опсерваторијата случајно забележала летачката чинија.
Асоцијацијата на универзитети за астрономски истражувања наведува дека „станува збор за безбедносни прашања во опсерваторијата во Њу Мексико,” и дека е одлучено привремено да се напушти објектот, како мерка на претпазливост, наведе опсерваторијата на „Фејсбук“.
Оттаму додаваат дека соработуваат со соодветните органи, но во моментот не можат да дадат подетални информации.
-Се надеваме дека посетителите ќе можат да не посетат во наредните денови, велат од Опсерваторијата на Инстаграм.