Документите објавени од ФБИ открија дека покојната Ивана Трамп била под истрага на контраразузнавачката служба поради наводите поврзани со нејзините врски со нејзината родна земја Чехословачка, пишува Индипендент.
ФБИ „препорача отворање на прелиминарна истрага за Ивана Трамп врз основа на информации добиени од доверлив извор во 1989 година“, според 190 страници доверливи документи објавени во понеделникот од агенцијата за спроведување на законот, како дел од тужбата на Блумберг за Законот за слобода на информации.
Во еден пасус од купот документи се наведува дека „не е познато дали наводите против Ивана потекнуваат од љубомора кон нејзиното богатство и слава“, но велат дека истрагата се уште е во тек.
Родена како Ивана Зелничкова во 1949 година во тогашна Чехословачка, таа ја напуштила тогашната комунистичка земја во 1971 година откако се омажила за австриски ски инструктор од кого се разведе една година подоцна, кога доби австриско државјанство, а на крајот се преселила во Калифорнија, а потоа во Њујорк , каде што заработувала како модел.
Таа го запознала идниот претседател Доналд Трамп во 1976 година во Њујорк, а парот се венчал во април 1977 година. Се верувало дека човекот бил поврзан со шпионската заедница во таа земја, поради што Ивана била осомничена и за шпионажа.
Истрагата се фокусирала и на посетите на Ивана на Чехословачка во 1990 година пред распадот на државата и нејзините средби со првиот чешки претседател Вацлав Хавел.
Поранешниот претседател Доналд Трамп не се појавува често во сега јавното досие на ФБИ за неговата покојна поранешна сопруга, но тој е спомнат во еден пасус што се однесува на написот на списанието Тајм од 16 јануари 1989 година со наслов Трамп.
И покрај разводот, Ивана го задржа презимето Трамп и остана во пријателски односи со својот прв сопруг. Таа подоцна за „Пост“ изјави дека нејзиниот поранешен сопруг ѝ понудил амбасадорска функција во Чешка откако тој ја освоил претседателската функција, но таа го одбила. Таа почина од пад во нејзиниот дом во Њујорк во јули 2022 година, на 73-годишна возраст.