ФБИ објави досие за основачот и главен и одговорен уредник на „Плејбој”, Хју Хефнер, две години по смртта на легендарниот издавач, една од многуте познати личности за кои агенцијата има истрага во текот на годините, и датотеки од јавен интерес за новинари, обожаватели и истражувачи.

Хефнер бил под истрага на федералната полиција кон крајот на 1950-тите и во 1960-тите поради „непристојни материјали”.

Досието исто така, содржи документ упатен до тогашниот директор на ФБИ Џеј Едгар Хувер во кој агент вели дека Хефнер и фотографот Едвард Oпман се ставени под надзор, со цел да се види дали некој од нив пренесувал „порнографски фотографии” надвор од границите на државите. Истрагата не покажа дека таквите кривични дела биле извршени.

„Луѓето кои беа испрашувани рекоа дека Хефнер е премногу итар да ги прекрши законите на федералните или локалните власти”, заклучува ФБИ.

Хефнер подоцна беше уапсен во Чикаго за објавување „непристојни и сугестивни” фотографии на Џејн Менсфилд, но беше ослободен.

Досието содржи и исечоци од весници од случај во кое Хефнер доби право да испраќа по пошта „Плејбој” на претплатници, а тоа да не значи и кршење на законот.

Кога еден човек од јавен интерес умира, ФБИ презема чекори за да ја објави својата датотека на веб-страницата на ФБИ.

На сајтот има датотеки на познати личности, меѓу кои и Елвис Присли, Мајкл Џексон и Френк Синатра, како и оние за поранешниот сенаторот од Масачусетс Едвард Кенеди и за Ал Капоне.