Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) даде дозвола за итно одобрување на тест за за Ковид-19, кој се прави преку здив, јави ДПА.
Уредот е отприлика со големина на рачен куфер, соопшти денеска ФДА. Корисниците дуваат во цевка, како да дуваат балон.
Тестот „InspectOR COVID-19 Breathalyzer“ ги дава резултатите за помалку од три минути, врз основа на хемиска анализа, и може да се користи во ординациите на лекарите или во болниците, на пример. Тестот треба да го врши квалификувано, обучено лице под надзор на здравствен работник лиценциран или овластен со државниот закон за издавање тестови.
Уредот може правилно да ги идентификува луѓето со Ковид-19 во 91 отсто од случаите, а оние кои немаат точно ги дијагностира во 99 отсто од случаите. При тестирањето биле опфатени луѓе кои биле со симптоми, но и асимптоматски.
„Тестот покажа слична чувствителност во последователна клиничка студија фокусирана на варијантата Омикрон“, се вели во соопштението на ФДА.
Постојните тестови се прават со брис од носот или грлото.