На 27 август почнува УС Опен, последниот гренд слем турнир, за кој самиот Роџер Федерер вели дека тој не е фаворит.
Според него, најголеми фаворити за освојување на трофејот се Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Покрај тоа токму тие двајца ги освоија последните два мастерса – Надал во Торонто, а Ѓоковиќ во Синсинати.
„Не, не мислам дека сум фаворит. Фаворити се Надал и Ѓоковиќ. Работам напорно и ќе се обидам да останам фокусиран и да ја имам потребната енергија. Посебно чувство за турнирот дава тоа што повеќе тенисери лани отсуствуваа, годинава се здрави. Ги видовме Новак, Раониќ, Вавринка, кој е силен, а исто така и Нишикори. Тие отсуствуваа од терените последните месеци“, изјави Надал.
УС Опен исто така е шанса за Рафа да застане на првата позиција на АТП листа, но шансите тој да го симне Надал се мали. За тоа да се случи потребно е Шпанецот да не стигне до полуфинале, а Федерер да го освои трофејот.